+389 (0)33 271 225
tehkom@yahoo.com
Кирил Змбов 6 Кочани
Наспроти традиционалните методи во градежништвото, со најновите технолошки иновации се овозможува и во голема мера поттикнува изработката на монтажни куќи која е далеку побрза од традиционалната и има помало влијание на околината. Во денешно време се повеќе се практикува изградба на монтажни куќи, мали дрвени куќи и сл. кои што може да се сретнат во различни форми, материјали и стилови. Од удобни викендички до големи фамилијарни домови, монтажните куќи продолжуваат да ја редефинираат иднината на градежништвото, изведбата и дизајнот.
Техком ДООЕЛ Кочани е меѓу ретките компании во државата кои што Ви нудат можност да добиете еден поинаков дом кој што одсекогаш сте го посакувале и замислувале.
• Целиот процес за изградба на ваков тип куќа од планирање до поместување е едноставен, економичен и практичен;
• Времето за изработка е многу пократко во споредба со изградба на традиционален тип на куќа;
• Монтажната куќа е производ и не е задолжително лично присуство и личен ангажман на градилиштето;
• Постои можност да ја изберете вашата куќа и да ја опремите по каталог со стручна експертска поддршка на вработените во Техком ДООЕЛ Кочани;
• Исто така, постои можност лично да го изберете нивото на конструкција и опрема;
• Договорната цена на куќата е фиксна и загарантирана;
• Сите елементи на куќата се изградени во една фабрика под постојан надзор и контрола;
• Сите внатрешни материјали се природни и еколошки тестирани;
• Внатрешноста на куќата е обложена со гипс картонски плочи кои природно ја регулираат влажноста во собите;
• Заштедата на енергија за греење е до 60% повеќе во споредба со стандардните изолирани објекти;
• По завршувањето на монтажата, Ваше е само да ги подигнете клучевите од Вашиот нов дом.