+389 (0)33 271 225

Кирил Змбов 6 Кочани

Нашиот тим

Нашиот тим


Нашиот тим се состои од динамични индивидуалци кои максимално се посветени кон работата и исполнувањето, односно реализицијата на сопствените задачи. Нашите вработени креираат позитивна и енергична работна атмосфера, се залагаат за креативност, нови идеи и истрајност. Стремежот кон извонредност во секојдневните интеракции ни помага да создадеме средина во која што успеваат мотивирани луѓе и луѓе кои се исполнети од она што го работат. Организациската култура на ТЕХКОМ ДООЕЛ Кочани ја гледаме како конкурентска предност, размислуваме наголемо, работиме напорно, настојуваме да сме се подобри – тоа е она што не прави силни и единствени.

Градење на тим


ТЕХКОМ ДООЕЛ КОЧАНИ постојано се грижи за своите вработени, преку поттик и одржување на тимската работа и негување на меѓусебните односи на вработените. За таа цел, во текот на годината, се спроведуваат најразлични активности (indoor and outdoor), се организираат посети на саеми, неформални дружби и сл.

Кариера


ТЕХКОМ ДООЕЛ Кочани ви нуди можност да станете дел од тимот. Доколку сте заинтересирани за кариера во секторот за градежништво и архитектура, за личен и професионален развој испратете ваше CV и мотивациско писмо на официјалниот мејл на компанијата: tehkom@yahoo.com