+389 (0)33 271 225

Кирил Змбов 6 Кочани

Наши достигнувања


231

завршени проекти

128555

Индустриски објекти

153

вработени

21

години на пазарот

За Нас


Техком ДООЕЛ Кочани е меѓу водечките компании во Република Македонија во областа на градежништвото. Основана во 2000-та година, компанијата постојано расте и активно функционира со текот на годините. Комбинирајќи ги напорите на стручниот кадар, висококвалификуваната работна сила, тимската работа заедно со сопствената опрема компанијата успева да се справи со најкомплексните предизвици во работењето. Во својот сектор се издвојува по тоа што е лиценцирана компанија за изградба на објекти од А категорија, како и по способноста за навремена, брза и ефикасна реализација на проектите. Меѓудругото, ТЕХКОМ ДООЕЛ КОЧАНИ е компанија специјализирана и за изведба на монтажни дрвени куќи.
Во последно време компанијата е ориентирана кон изведба на индустриски проекти за странски Инвеститори, притоа постојано адаптирајќи се на различните нивни барања и потреби. Истовремено компанијата се грижи околу минимизирањето на ризиците и оптимизирање на трошоците и временските рокови за клиентот.

Зошто да не изберете нас?


19+ години искуство

Техком ДООЕЛ Кочани бележи долгорочно искуство на пазарот т.е. повеќе од 19 години успешно работење во областа на градежништвото.На сите оние кои ја следат работата на Техком ДООЕЛ Кочани општо позната им е грижата за задоволство на вработените, за што сведочи фактот дека поголемиот дел од нив се дел од тимот повеќе од 10 години. Максималната посветеност на вработените на долг рок води до посебен придонес за напредокот на компанијата, нивни личен и професионален раст и развој, ширење на капацитетите на компанијата, дополнително континуирано усовршување, и се разбира најважно од се јакнење на способноста на компанијата да одговори на сите барања и предизвици кои ги наметнува бизнисот, а и учесниците во него.

Квалификуван кадар

Стручниот и квалификуван кадар на Техком ДООЕЛ Кочани придонесува секој проект да биде завршен на таков начин што ќе биде и остане успешна приказна за сите вклучени страни во него. Спојот на искусни и докажани кадри со млади и амбициозни кадри е најголемата сила која ја движи нашата компанија напред.

Во чекор со трендови

Со цел да бидеме во тек со промените во градежништвото кои ги носат глобалните трендови, а воедно и чекор пред другите во областа, континуирано посетуваме саеми, обуки и професионални состаноци а со користењето на градежни материјали од светски познати и реномирани компании докажуваме дека сме во чекор со времето и информирани околу индината во градежната индустрија.

Материјали кои ги користиме


Достигнатиот степен на севкупното познавање на материјалите претставува показател за остварениот степен на општествениот развиток. Како и останатите сектори, така и градежништвото постојано еволуира и трендовите доаѓаат и заминуваат брзо. Оттука, познавањето на градежните материјали е многу важно за нивна правилна примена во градежништвото, а користењето на материјали од светски реномирани компании е предност која компанијата ја издвојува од останатите конкуренти во областа.